Wednesday, April 13, 2011

Станови Скопје

Станови скопје : 5 Работи што треба да ги прашате за сигурно и успешно купување / изнајмување стан во Скопје.

1) Колку е стар станот? Стара или Нова зграда?


2) Колку високо е плафонот на станот?
- Повисок плафон ви дава чуство на слобода и едноставно има повеќе простор за дишење. Многу луѓе едноставно забораваат да помислат на ова.


3) Колку пати е препродаван? Дали е издаван и колку долго?
- Ако е издаван долго време или е често препродаван, најверојатно станот не е во многу добра состојба затоа што никој не планирал / не сакал да остане во него долго време.

Кираџии едноставно не се грижат за работите како да се нивни, а сопствениците што го издаваат станот не менуваат работи освем ако не се расипат.

4) На кој кат е станот
- Станови што се поблиску до приземје полесно се продаваат затоа што се вселиви за сите, млади и стари.

5) Дали затворена тераса влегува во квадратурата на станот?


ПС. Има многу станови во скопје, најголемата грешка што можеш да ја направиш е да се брзаш.